Search
Реакција по слабите резултати: Академија ФМП доведе три засилувања
Екипата на Академија ФМП бележи лоши резултати во досегашниот дел од најсилниот домашен кошаркарски шампионат, па клубот од Кисела Вода одлучи да реагира и ги засили своите редови со три нови имиња.
Се работи за Виктор Златевски кој доаѓа од тимот на Работнички како и за американските интернационалци Мек Смит и Десмонд Рингер. За Смит ова е прва професионална сезона, односно доаѓа од колеџот Вестерн Мичиген.
Рингер пак е играч кој ќе има задача да ја подобри играта под обрачите.
Академија ФМП во новото коло ќе се соочи со Струмица, тим кој исто има учинок 1-6 по 7 одиграни натпревари.
Comments