Рајс: Кога работите со Артета, сфаќате дека не сте знаеле ништо за фудбалот
Деклан Рајс стана најскапото засилување во историјата на Арсенал, па од англискиот репрезентативец се очекува да донесе разлика на теренот во тимот на Микел Артета.
Рајс во последното интервју зборувал за своите амбиции со „топчиите“, но и за работата со новиот менаџер.
– Веќе гледам на фудбалот на поинаков начин.
– Мислиш дека го знаеш фудбалот бидејќи си пораснал со него и играш навистина долго, но кога ќе сретнеш менаџер како Микел Артета, сфаќаш дека не си знаел ништо, – вели Рајс кој ги коментирал и амбициите за новата сезона.
– Изминативе две-три години беше актуелен наративот дека Арсенал не може да ја освои титулата, но јас не се сложувам со тоа.
– Јас гледам на клубот од аспект на тоа дека секоја сезона екипата е се поквалитетна, ми се допадна визијата на Артета и среќен сум што сум дел од овој проект, – вели Рајс.
Comments