top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рајдинг прв Британец и најстар победник во слалом во Светскиот куп

Updated: Jan 25, 2022

24.01.2022 januari Ponedelnik

АЛПСКО СКИЈАЊЕ – ТРКА ВО КИЦБИЛ

Претходно најдобар резултат во слалом на Рајдинг (35) во СК му беше второто место, исто така, во Кицбил, во 2017 година, кога стана првиот британски алпски скијач што се искачил на победничкиот подиум, а во Аделбоден, лани, беше трет Дејв Рајдинг (35) победи на слаломот во Кицбил и стана првиот Британец со триумф во 55-годишната историја на Светскиот куп (СК) во алпско скијање. Норвежаните Лукас Братен и Хенрик Кристоферсен беа втори, односно трети на најпрестижниот слалом во СК. Рајдинг, кој стана и најстариот победник на слалом во СК, го бакнуваше снегот откако ја помина целната рамнина. – Имам 35 години, но никогаш не престанав да верувам, никогаш не престанав да се обидувам. Секогаш верував и мислев дека можам да го направам тоа, иако беа присутни и сомнежите. Мојот тим никогаш не престана да верува во мене, тие постојано ме туркаа напред, понекогаш и повеќе отколку што сакав. Ова е како прекрасен сон – изјави Рајдинг. По првото возење, Рајдинг беше шести, со заостанување од 81 стотинка, но во второто беше одличен, а од помош му беа и грешките на скијачите што стартува пред него. Претходно најдобар резултат во слалом на Рајдинг во СК му беше второто место, исто така, во Кицбил, во 2017 година, кога стана првиот британски алпски скијач што се искачил на победничкиот подиум. Во Аделбоден, Швајцарија, лани, беше трет. Британецот ќе настапи и на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, четврти за него. На Игрите во Ванкувер во 2010 година, Рајдинг беше 27. во слалом, во Сочи 2014-та беше 17., а во Пјонгчанг во 2018 година, деветти. Моментно тој е четвртопласиран во слалом во СК, по петте трки на кои имаше пет различни победници, од кои тројца првпат.


2 views

Comments


bottom of page