top of page

Рајан Гослинг и Ева Мендес вљубени како и пред една деценија

Рајан Гослинг во моментот е насекаде благодарение на улогата на Кен во претстојниот филм „Барби“. Но, актерот од „Ла ла ленд“ е семеен човек во срцето, каде што главното место го имаат долгогодишната негова партнерка Ева Мендес и нивните две ќерки Есмералда (8) и Амада (6). Двете ѕвезди меѓусебно се поддржуваат во кариерата – дури и иако јавно не говорат еден за друг. „Таа е неговиот број 1 фан и сака кога тој снима големи филмови, како ‘Барби’,“ изјави извор за „Јуес викли“. „Рајан исто така ја поддржува Ева во сè и. едноставно. ја обожава“. Рајан и Ева почнаа врска во 2011 година во текот на снимањето на „Местото зад боровите“ (The Place Beyond the Pines). Минатиот месец тие прославија 10 години заедно, а актерката од „Хич“ го одбележа овој повод со стари фотографии од нив двајца од филмот што ги спои. Во друга објава по повод нивната годишнина таа напиша: „Магијата е вистинска. Не се запознавме на снимање. Магијата почна многу порано, но еве мала магија снимена со камера. Благодарност до неверојатниот режисер Дерек Чанфренс“. И покрај долгата врска, двете ѕвезди ретко се појавуваат заедно на црвениот тепих – иако фановите бараа да го сторат тоа. Ева и Рајан избраа да ги држат својата врска и своите ќерки подалеку од очите на јавноста. „Не зборувам за Рајан и за сите прекрасни работи што тој ги прави како татко бидејќи тој дел го чувам приватен“, напиша ѕвездата на Training Day на социјалните мрежи во една пригода.

ree

ree

 
 
 

Comments


bottom of page