top of page

Рашфорд посочи еден сегмент кој Тен Хаг експресно го подобрил за само две недели

Ерик Тен Хаг имаше успешно деби како менаџер на Манчестер Јунајтед и неговиот тим во дербито го надигра Ливерпул со 4:0, па иако Холанѓанецот имаше низа забелешки по триумфот на кој тој не му даде големо значење, фудбалерите од првиот тим веќе јавно го искажуваат големо задоволство од соработката со досегашниот тренер на Ајакс. Иако е многу рано да се суди и да се извлекуваат било какви заклучоци, Маркус Рашфорд тврди дека Тен Хаг успеа да го подобри тимот во еден сегмент за само две седмици, што според него се покажало и на мечот со Ливерпул со високиот пресинг. Тен Хаг најави дека неговиот Јунајтед ќе игра проактивен и офанзивен фудбал со брза транзиција од одбрана во напад, а Рашфорд е голем оптимист дека играчите се на вистинскиот пат со новиот тренер. – Мислам дека можеме да направиме многу со новиот тренер. За мене ова е свеж старт и навистина со нетрпение чекам да дојдат следните натпревари. – Првите две седмици се навистина добри, успеавме да се подобриме, пред се во физичката состојба. Сите играчи се пофит од минатата сезона. Точно е дека се уште правиме грешки, но има простор за напредок до стартот на новата сезона, – потенцира Рашфорд.


 
 
 

コメント


bottom of page