top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рашфорд знае зошто Јунајтед прими седум гола од Ливерпул: Тоа останува зад нас

Манчестер Јунајтед доживеа историски потоп на „Енфилд Роуд“ во неделата и загуби со неверојатни 7:0, резултат по кој е многу потешко да се подготвува за тоа што следи во Лигата на Европа.

Ерик Тен Хаг нема многу време за консолидирање и веќе го подготвува тимот за натпреварот против Бетис, но сосема очекувано, се уште актуелни беа прашањата поврзани за срамниот резултат.

Холандскиот стручњак порача дека овој болен пораз ќе им послужи како лекција, додека Маркус Рашфорд се налути на натписите и заклучоците на дел од легендите кои истакнаа дека играчите на Јунајтед не се труделе доволно и се откажале од трчање при резултат 3:0.

– Не се откажавме, тоа се глупости. Ние бевме лошо организирани и тоа е се. Комуникацијата беше навистина лоша на тој меч и затоа примивме толку многу голови. Тоа останува зад нас и сега сите се концентрираме да се вратиме на патот од претходно.

– Кажав веднаш по мечот, недостасуваше конекција меѓу нападот и средниот ред, но исто така и меѓу средниот ред и одбраната. Мора да научиме од тоа и да продолжиме напред. Среќен сум што многу брзо имаме меч и имаме шанса да направиме чекор напред и да го оставиме несреќниот меч зад нас, – изјави Рашфорд.


1 view

Comments


bottom of page