Рашфорд: Ван Гал ме казнуваше секој четврток
Маркус Рашфорд влезе во неверојатна форма по крајот на мундијалот во Катар и се претвори во извонреден голгетер за Манчестер Јунајтед, нешто што го демонстрираше и во финалето во Карабао Купот.
Ударот на Рашфорд се одби од дефанзивецот на Њукасл и заврши во мрежата на Лорис Кариус, па во моменти кога сите работи излегуваат онака како што посакува на теренот, младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед се потсети на своите почетоци и му даде огромно признание на својот ментор.
Луи Ван Гал беше менаџерот кој му даде шанса на Рашфорд да дебитира во првиот тим и го извлече од Академијата на Јунајтед, но му вршел и дополнителен притисок да ги заврши сите работи кои ги имал на училиште пред да дојде на тренинг.
– Кога ќе ми текне на Ван Гал, секогаш на памет ми доаѓаат четвртоците. Ван Гал ме казнуваше секој четврток, тоа беше нешто што беше надвор од моја контрола. Без оглед на се, и тоа доволно говори за него каква личност. Бараше од мене да ги завршам сите задачи на училиште пред да дојдам на тренинг.
– Тоа никогаш не го доведував во прашање, но поради тоа знаев да задоцнам на тренинг, особено во четврток. Имав само 12 минути за да стигнам од универзитетот до тренинг центарот. Односот кој го имав со Ван Гал беше првокласен. Во тој момент добивав многу пофалби, но неговите зборови најмногу ми значеа, – открива Рашфорд.
Comments