top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рафтер со прогноза за Ју-Ес Опен: Шампионот треба да се бара меѓу нив двајца

Започна последниот грен слен за оваа година Ју-Ес Опен на кој еден од главните фаворити за пехарот Новак Ѓоковиќ веќе ја запиша првата победа и обезбеди место во второто коло.

Ѓоковиќ беше фуриозен и победи со чисти 3-0 и со тоа најави атак на пехарот, поточно 24. триумф на најголемите турнир во овој спорт.

Според Патрик Рафтер кој своевремено двапати беше најдобар во Њујорк, шампионот во САД треба да се бара токму меѓу Ѓоковиќ и Карлос Алкарас.

-Новак секако е способен повторно да се врати на првото место. Знаеме дека тој е еден од најдобрите на сите времиња, заедно со Рафа и Рожер. Меѓутоа годините го стигнуваат, Алкарас станува голем ривал.

-Според мене, тие се издвојуваат од останатите. Има некои други момци кои тропаат на вратата, но тие сè уште не се на тоа ниво. Шампионот, според мене, треба да се бара меѓу нив двајца, -заклучи некогашниот светски рекет број еден.


2 views

Commentaires


bottom of page