top of page

Рафиња ја смирува тензијата: Разговарав со Анчелоти за мојата состојба

Nov 6
1 min read

06.11.2026 Noemvri Petok

„Алармот Рафиња“ секогаш се вклучува кога Бразилецот ќе отпатува со својот национален тим на репрезентатитивни обврски, особено поради фактот што капитенот на Барселона се врати повреден од трите излети кои ги имаше со селекцијата во последно време.

Токму поради тоа, Барселона како клуб искажа загриженост што Карло Анчелоти го повика за два непотребни натпревари во месец ноември, но пред да дојде ред на истите, Рафиња се обиде да ја смири фан базата на Барса со пораката која ја испрати.

Рафиња вчера стави потпис на нов договор со каталонскиот гигант, а го искористи тој чин за да испрати порака до оние кои се загрижени за неговото здравје пред заминувањето на репрезентативни задачи.

– Директно разговарав со Анчелоти за мојата состојба. Тој знае дека мора да ја дозира мојата минутажа. Евентуална повреда би претставувала компликација и за репрезентацијата.

– Разговаравме, тој знае дека закрепнувам од мојот последен здравствен проблем и знае дека не треба да форсирам. Добро сум, но сепак не сум на 100 проценти од можностите.

– Навивачите на Барселона немаат причина за загриженост, бидејќи јас многу добро се грижам за себе, – изјави Рафиња.


 
 
 

Comments


bottom of page