Рафиња испрати порака за неговата иднина по интересот од Премиер лигата
- Aleksandar Santovski
- Jan 16, 2023
- 1 min read
Бразилскиот репрезентативец, Рафиња испрати порака за неговата иднина по интересот од Премиер лигата.
Офанзивецот слета на „Камп Ноу“ во летниот преоден рок и тоа по една драма во која своја улога имаше и самиот тој кој инсистираше да заврши во шпанскиот великан. Меѓутоа првите негови месеци во новата средина не се баш најдобри, тој ја нема улогата на стартер и медиумите ја отворија опцијата за можно негово засилување особено откако Арсенал извиси за потписот на Михаило Мудрик.
Наводно „топчиите“ ќе тргнат во напад за да го обезбедат потписот не некогашниот играч на Лидс Јунајтед кој добро ја познава ПЛ и Англија, ама по се изгледа тој воопшто не размислува за една ваква опција.
-Ова е мојот прв трофеј со овој великан, овој огромен дрес на Барселона – ова е неверојатно. И така сега одиме по повеќе трофеи, -порача Рафиња по освоениот пехар во Супер Купот на Шпанија, порака која јасно покажува дека се гледа во сегашнава средина и во наредниот период.
Договорот му завршува во 2027 година.

Comments