top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Расположениот Димитријевиќ сам му донесе победа на Уникс

Екипата на Уникс Казан го држи чекорот со ЦСКА Москва и има „осум од осум“ во ВТБ лигата откако вечерва успеа да слави на гостувањето кај Минск со 58-54.

Фаворитот имаше осцилации во играта, ама успеа да дојде до посакуваниот триумф и тоа пред се благодарение на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ. Плејмејкерот беше супер расположен за игра и беше единствениот двоцифрен играч во својот тим со 22 поени на кои придодаде 3 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки.

Зад него беше Рејлондс со 9 поени што е јасен доказ дека Нено буквално сам донесе славје за Уникс на денешниот натпревар.

Во следната рунда следи големото дерби меѓу ЦСКА и Уникс што значи дека имаме македонска пресметка и тоа Емил Рајковиќ како тренер на „армејците“ и Димитријевиќ како предводник на теренот на составот од Казан.





1 view

Comments


bottom of page