top of page
Search

Распишан конкурс за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

17.02.2025 Februari Ponedelnik

Друштвото на филсмките работници објави конкурс за избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Кандидат за директор може да биде секој редовен член на Друштвото на филмските работници на Македонија или докажан и афирмиран професионалец од областа на уметноста, културата или друга јавна сфера.

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми: да има високо образование; да има менаџерски и лидерски способности и искуство; да има комуникациски и организациски способности за тимска работа и професионално однесување; да има познавање и искуство во следење на светската филмска продукција и филмските фестивали од висока категорија и да има одлично познавање на англискиот јазик.

Директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ има мандат од две години со право на повторен избор.

Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот, докази за исполнување на предвидените критериуми и детална програма за работата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Материјалите треба да се достават најдоцна до 6 март оваа година на електронската адреса contact@dfrm.org.mk или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Директорот ќе биде избран на следното изборно Собрание на Друштвото на филмските работници.


 
 

Comments


bottom of page