top of page

Расел со најбрзо време до пол позицијата во Канада (ФОТОФормула 1

02.06.2026 juni Vtornik

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел успеа да биде најбрз и ја обезбеди пол позицијата во трката за Големата награда на Канада.

Расел во претходните две сезони успеваше да забележи најдобро време во квалификациите, па ова е еден вид на хет-трик, но и потврда дека обожава да вози во Канада, стаза на која претходно во текот на денот славеше во спринт трката.

Британецот го остави зад себе тимскиот колега Кими Антонели што можеби е јасен знак, сигнал дека двајцата утре ќе водат жестока битка за триумф на главниот настан.

Од вториот ред ќе започнат Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен по што следуваат некогашните шампиони Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.


 
 
 

Comments


bottom of page