top of page

Расел му одговори на Хамилтон: Среќата нема никаков ефект на резултатите

Mar 30, 2023
1 min read

Луис Хамилтон ја спомена среќата во контекст на подобриот резултат на неговиот клупски колега, Џорџ Расел, на трката во Саудиска Арабија, но тоа очигледно не му се допадна на помладиот колега од тимот на Мерцедес.

Расел смета дека резултатите кои ги постигнува се плод на различниот сетинг и напорната работа со неговите инженери.

– Не сметам дека среќата има некаква поврзаност со резултатите.

– Мислам дека одлучуваат подготовките, знаев дека ќе одиме во позитивна насока со промените кои ги направивме во пресрет на трката.

– Знаев дека нашиот сетап ќе биде подобар од тој на Хамилтон, секој има различни приоритети, а јас сум задоволен од правецот по кој се движиме со инженерите, – изјавил Расел.


 
 
 

Comments


bottom of page