top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Расел Кроу се придружува на спајдерверзумот на „Сони“

Оскаровецот Расел Кроу треба да глуми во претстојниот филм на „Сони“ со наслов „Ловецот Крејвен“. Улогата на Кроу допрва треба да биде откриена, но тој ќе се појави заедно со Арон Тејлор-Џонсон, кој го портретира насловниот негативец на „Марвел“. Според „Холивуд репортер“, Кроу веројатно ќе биде еден од членовите на семејството на Крејвен, иако допрва ќе следи потврда. Крејвен-ловецот е еден од најпознатите непријатели на Спајдермен или човекот пајак. Своето деби во стриповите го имаше во The Amazing Spider-Man број 15. Рускиот ловец имаше долг работен стаж во стриповите и успеа да го победи Спајдермен, да го закопа жив и да го преземе неговиот идентитет во приказната „Последниот лов на Крејвен“ од 1980-тите. Филмот во режија на Џ. Чендор планирано е да излезе во кината на 13 јануари следната година.



1 view

Comments


bottom of page