top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Расел Кроу помогна да се спаси животот на повредена птица

Updated: Jun 16, 2021

16.06.2021 Juni Sreda

Расел Кроу донира пари за да се спаси животот на една кукабара. 57-годишниот актер донира непозната сума пари на зоолошка градина во Австралија изминатиов викенд. Со својата донација тој ѝ овозможи на зоолошката градина да купи ендоскоп, кој беше потребен за да се спаси повредената птица откога проголтала мала кука за риболов. Веста за состојбата на птицата првпат ја откри твитер-профилот на Wildlife Warriors, добротворна организација основана во 2002 година од покојниот Стив Ирвин и неговата сопруга Тери Ирвин, како начин да ги охрабри другите да ја поддржуваат заштитата на повредените и загрозени животни. Добротворната организација твитна: „Арчи кукабара имаше проголтано кука за риболов кога пристигна во болницата за диви животни во AustraliaZoo. За лоцирање на предметот беше користен ендоскоп по што беше безбедно отстранет. За среќа, Арчи заздрави и се врати во дивината“. И во друг твит од самата Тери Ирвин е откриено дека Расел донирал средства потребни за набавка на опремата за спасување живот. Таа напиша: „Ви благодарам, Расел Кроу, што дониравте средства за набавка на овој ендоскоп, кој спаси живот. Арчи навистина го ценеше тоа!“




1 view

Comentários


bottom of page