Search
Расел донесе победа за Мерцедес во Австрија Формула 1
- Aleksandar Santovski
- Jun 30
- 1 min read
30.06.2026 Juni vtornik
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел триумфираше на Големата Награда на Австрија, осмата трка во овогодинешниот Формула 1 шампионат.
Ова за Британецот беше втора победа во тековнава сезона, прва од отварањето на кампањата во Австралија. Џорџ беше на првото место во најголемиот дел од трката на „Ред Бул Ринг“ и сосема заслужено дојде до триумф кој може многу да му помогне во борбата за титулата.
Тој го остави зад себе Макс Ферстапен кој притиската, но на крајот мораше да се задоволи со второто место, а на подиумот се најде и лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели.
Во првите десет или поточно возачите кои освоја бодови беа уште Пјастри, Хамилтон, Хаџар, Норис, Леклер, Лосон и Линдблад.






Comments