top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рангник пикираше еден голем талент: Се надевам дека ќе можам да сметам на него

Ралф Рангник пристигна во Манчестер Јунајтед со цел да предизвика позитивен шок врз тимот и да ги наметне своите педантни и прецизни методи, но како човек кој е добро познат на германската спортска јавност, посебно се нагласува дека негов најголем квалитет е работењето со млади фудбалери.

Рангник направи огромни успеси со млади играчи во Хофенхајм и Ред Бул Лајпциг, а иако главна цел во Манчестер Јунајтед му е да се справува со големи ѕвезди и истите да ги доведе во ред, сега самиот признава дека веќе забележал едно младо момче од кое очекува голем напредок во иднина.

Се работи за Ханибал Мејбри кој има само 18 години, а кој го импресионирал актуелниот менаџер на Јунјатед со своите настапи на арапскиот куп на ФИФА кој се играше овој месец.

– Имаме 25 играчи и ни недостасува само Погба. Ханибал за првпат тренираше со нас откако сум тука, тој штотуку се врати од арапскиот куп. За жал, тој повторно ќе отсуствува во јануари бидејќи е повикан за Африканскиот Куп на нации со Тунис.

– Го гледав неговиот последен меч во финалето против Алжир и видов дека имаме уште еден високо талентиран играч од младинскиот погон. Се надевам дека после Африканскиот Куп ќе биде редовен со нас и ќе биде дел од нашата група. Може да покрие повеќе позиции, – вели Рангник за 18-годишниот играч за врска.



2 views

Comments


bottom of page