Рангник зачекори на „Олд Трафорд“, ни нема да го води клубот на утрешната средба со Арсенал (Фото)
- Aleksandar Santovski
- Dec 1, 2021
- 1 min read
01.12.2021 Dekemvri Sreda
Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник ќе почека за своето деби на клупата на „Олд Трафорд“ и нема да го води тимот на утрешниот натпревар против Арсенал, иако уште завчера беше потврдено неговото доаѓање во Англија. Причината што Рангник нема да е на клупата на Манчестер Јунајтед за натпреварот против „топчиите“ е тоа што тој се уште ја нема добиено потребната работна дозвола, а додека од клубот му ги средат сите документи, тимот ќе го води Мајкл Керик. И покрај тоа што нема право за работа како тренер на Јунајтед, Рангник имаше можност одблиску да се запознае со „Олд Трафорд“ и условите околу стадионот во текот на денешниот ден. Германецот во друштво на спортскиот директор на „ѓаволите“, Џон Муртдог бил на „театарот на соништата“, а фотографиите од оваа средба се проширија на социјалните мрежи. Рангник бил присутен и во тренинг центарот Керингтон, па веќе се зборува дека и тоа како ќе има улога во изборот на тимот кој утре ќе му се спротивстави на Арсенал.






Comments