top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рангник дополнително го засили својот стручен тим: Нов асистент претставен на „Олд Трафорд“

Привремениот стратег на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник го комплетираше стручниот штаб откако во текот на денешниот ден беше потврдено уште едно име кое треба да биде асистент на Германецот.

Нов помошник тренер на Манчестер Јунајтед е биде Еван Шарп кој соработуваше со Рангник во редовите на Локомотив Москва.

Шарп ќе ја заземе улогата на асистент аналитичар која досега му припаѓаше на Кјеран Мекена, помошникот на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.

Мекена се пресели во Ипсвич Таун каде ќе биде прв тренер, а на негово место пристигна токму Шарп кој во кариерата има работено и како самостоен тренер во редовите на Торонто.

Она што е добро за Рангник е тоа што Шарп во минатото соработувал и со Крис Армас кој е прв асистент на Германецот на „Олд Трафорд“.


2 views

Comments


bottom of page