Рамос ја испрати првата порака откако не доби повик за СП: Сонцето ќе изгрее и утре…
Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос нема да ја гледаме на мундијалот во Катар.
Тој сезонава игра во францускиот шампион, но без разлика на тоа шпанскиот селектор Луис Енрике се реши да не го повика, односно да им даде шанса на некои помлади момци, играчи кои ќе треба да го носат националниот тим во иднина.
Секако ова беше разочарување за ветеранот, но Серхио е голем професионалец, шампион и тоа се потврди уште еднаш по пораката која ја испрати и во која им посака многу среќа на неговите сонародници на престојното СП.
-Минатата сезона беше напорна поради повредите и адаптацијата во нов клуб и нов град. Целосно се посветив кон закрепнувањето, со цело тело и душа следејќи ги моите цели и амбиции. За среќа, можам да кажам дека оваа сезона се чувствувам свој и повторно уживам во фудбалот играјќи за голем клуб во голем град.
-Светското првенство? Тоа беше голем сон кој се надевам ќе се оствари. Тоа ќе беше мое петто Светско првенство, но за жал ќе морам да го гледам од мојот дом. Тешко е, но сонцето ќе изгрее и утре. Не би менувал ништо кај себе. Ниту менталитетот, ниту страста, посветеноста, трудот, размислувањето за фудбалот 24 часа на ден. Така се чувствувам и сакав ова да го споделам тоа со вас. Ви благодарам за поддршката. Има уште многу предизвици. Се гледаме наскоро-, напиша Рамос со порака дека и посакува се најдобро на шпанската репрезентација.
Comments