Рамос: Имав проблеми да се адаптирам во Париз
Серхио Рамос ја освои првата титула шампион на Франција со новиот клуб ПСЖ, но не може да биде задоволен од првата сезона во новиот клуб.
Дефанзивецот играше ретко поради честите повреди, постојано го пратеа шпекулации дека брзо ќе замине од Париз, а сега и самиот признал дека имал проблем со адаптацијата.
– На почетокот ми беше тешко да се адаптирам. Со години бев во друг клуб и град, се беше под контрола, куќата, персоналот, екипата, децата, одењето во училиште. Не беше лесно да се направи голема промена и да се преселам во голем град како Париз.
– Имавме проблем да најдеме и соодветна куќа, но добро е што адаптацијата во екипата беше добра и брза, затоа што имаше и фудбалери со кои веќе сум бил соиграч, а тука беше и Кимпембе кого го познавав.
– Сепак, одиграв само неколку часа со дресот на ПСЖ, сакам да се вратам на вистинско ниво и почесто да бидам на теренот, нема нешто поважно од тоа да играте во добра форма и да можете да му помогнете на својот тим, – изјавил Рамос.
Comments