Ракочевиќ се вклучи во дебатата за НБА шампиони-светски шампиони: Тоа е заблуда…
Најбрзиот човек на светот, Ноа Лајлс предизвика голема дебата со изјавата која ја даде пред неколку денови, а која се однесуваше на играчите, тимовите од НБА лигата која по секоја освоена титула се прогласуваат за светски шампион.
Тој беше активен на СП во Будимпешта каде мораше да се бори со атлетичари од целиот свет за да дојде до врвот што за него е сосема различно, вистински начин за кажеш дека си светски првак.
Многу коментари на оваа тема дојдоа од НБА ѕвездите кои не се согласија со Лајлс, а свое мислење на оваа интересна тема сега даде некогашниот член на Реал Мадрид, Валенсија, Црвена Звезда, Ефес Пилсен…и некогашен европски и светски шампион со Југославија, Игор Ракочевиќ.
-НБА тимовите кои ја освојуваат титулата себеси се нарекуваат светски шампиони. Тоа е заблуда. Не сте победиле никого надвор од САД. Дури и ако многу од најдобрите играчи во светот се во НБА. Најдобриот тим во НБА би го победил најдобриот неамерикански тим според правилата на НБА. Но, според правилата на ФИБА? Среќа со тоа. Шансите во најдобар случај се 50-50, -порача Ракочевиќ.
Comments