top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ракометот доби нови јунаци: Македонија ќе се бори за деветто место на СП!

Ракометната генерација на Раде Стојановиќ е најдобрата кадетска која некогаш ја претставувала Македонија на еден мундијал, бидејќи нашиот млад тим вечерва направи уште еден голем резултат. Избраниците на македонскиот селектор најдоа решение за незгодната Унгарија и успеаја да слават во трилер натпревар со 22:20, пред се благодарение на извонредната игра во одбраната, но и фантастичните интервенции на голманот Галевски. Со оваа голема победа, Македонија избори борба за 9-то место на Светското првенство и ќе решава за тоа во директен дуел против Чешка, која исто така вечерва славеше над Саудиска Арабија. Денешниот натпревар беше тврд и доста израмнет и двата тима имаа свои периоди, па по оние 12:12 на полувреме, се дојде до инфаркт завршница и на крајот од вториот дел. Македонија водеше со 21:17 на десет минути пред крајот, но тогаш настапи криза во нашиот табор и Унгарците успеаја да намалат на минус еден, а не реализираа и напади за израмнување. Голманот Галевски имаше една клучна одбрана при овој резултат, а потоа уште една при 22:20 со што целосно ги откажа противниците. Покрај извонредната партија на голманот, во напаѓачка смисла се истакнаа Калајџиески и Петковски со пет, како и Ристовски со четири погодоци.


2 views

ความคิดเห็น


bottom of page