top of page

Ракометен циркус во Србија: Федерацијата му ја поништи титулата на Партизан, бара финалето да биде преиграно

28.05.2026 Maj Cetvrtok

Ракометниот циркус во Србија донесе доста контроверзии на последниот меч, но оваа вечер доби ново целосно неочекувано продолжение, и тоа поради одлука на Федерацијата.

Партизан беше прогласен за шампион откако Војводина не се врати назад на теренот откако имаше прекин на мечот, па иако се доби впечаток дека великанот од Белград ја добива финалната серија со службени 2:0, сега пристигна информација дека вториот меч мора да биде преигран.

„Црно-белите“ победија на првиот меч на домашен терен и отпатуваа во Нови Сад по заверка на титулата, но по прекинот кој се случи при резултат 6:5, домаќините решија да не се вратат на теренот.

Ова ги натера официјалните лица да му ја доделат победата на Партизан, но истата е сега поништена од Федерацијата.

Највисокото ракометно тело во Србија налага вториот меч од финалната серија да биде одново одигран, па останува да видиме дали новиот шампион ќе биде одлучен на теренот, или Војводина ќе го бојкотира и новиот меч кој го закажа Федерацијата.


 
 
 

Comments


bottom of page