Ракометен раритет: Бразилски голман режираше пенал-магија со својата одбрана
Гранолјерс е второпласиран во најсилната шпанска ракометна лига и има најдобар учинок после недопирливата Барселона, но овој тим остварува добри резултати и во Европа.
Како дел од Европската лига на ЕХФ, Гранолјерс победи на последниот меч на гостувањето кај Скандерборг, но триумфот од 25:30 останува најмногу во сеќавање поради ракометниот раритет кој го изведе гостинскиот голман.
Фаќање на „жива“ топка од страна на голманот при пенал удар и е вистинска реткост и во фудбалот, но во ракометот е речиси невозможна мисија, која сепак сега стана возможна.
Заслугите одат кај бразилскиот голман Рангел, кој успеа да одбрани удар од седум метри со една рака и да ја залепи топката со својата дланка.
Одбраната беше навистина атрактивна и несекојдневна, па истата брзо стана вирален хит во Шпанија.
Comments