top of page
Search

Ракометарките загубија од Црна Гора, ќе се борат за пласман од 13 до 16 место на СП

26.06.2024 Juni Sreda

Женската младинска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора од 26:23 на Светското првенство кое се одржува во нашата земја.

Нашите ракометарки одиграа две различни полувремиња, прво кое го реализираа со 12:10 и второ во кое не беа на посакуваното ниво и му дозволија на противникот да направи пресврт и слави во СЦ „Борис Трајковски“.

Ова значи дека избраничките на Дарко Јанев ќе разигруваат за пласман од 13-то до 16-то место на шампионатот.

Ривал ќе ни биде селекцијата на Јужна Кореја со која ќе ги одмериме силите во четврток од 15:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.


0 views

Comments


bottom of page