Search
Ракометарките во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ја пречекаат Германија
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read
23.03.2026 Mart Ponedelnik
Женската ракометна репрезентација на Македонија се враќа во Скопје и својот следен натпревар ќе го одигра во СЦ „Борис Трајковски“.
Нашиот национален тим во квалификацискиот циклус за Европското првенство (ЕП) игра дуел против моќната Германија. Мечот е закажан на 8 април, со почеток од 18:00 часот.
Ракометарките ја победија Белгија во претходната рунда, а сега следат мечеви за расплет за тоа дали ќе бидеме меѓу најдобрите третопласирани селекции на табелата.
До крајот на квалификациите покрај со Германија, Македонија игра и со селекцијата на Словенија. Овие две репрезентации се пласирани на Европското првенство 2026 година.






Comments