Search
Ракометарите ќе добијат премија од два милиона денари ако се пласираат на ЕП 2024
Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе подели два милиона денари ако се пласира на Европското првенство (ЕП) во Германија в година. Оваа одлука беше донесена на седницата на Управниот одбор на РФМ. Црвено-жолтите се во група со Португалија, Луксембург и со Турција и по четири одиграни кола имаа четири бода. До крајот на квалификациите за ЕП 2024, Македонија треба да игра уште со Луксембург на гости (26 април) и со Турција во Скопје (30 април). Г.И.
Comments