top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ракитиќ призна: Посакував трансфер во ПСЖ, но одлучив да останам во Барса

Хрватскиот фудбалер за врска, Иван Ракитиќ беше еден од главните фактори на својата земја во походот до среброто на Мундијалот во Русија. По одлично одиграниот турнир, Ракитиќ имаше понуди да замине од Барселона, а еден од заинтересираните клубови беше и ПСЖ.

Во интервју кое Хрватот го имаше за телевизијата „БеИН Спортс“ даде интересна изјава, поврзана со „светците“ од Париз.

„Денес навистина би сакал, ако на ПСЖ му недостига играч за врска, Насер или Леонардо нека ме побараат уште утре. Шетага на страна, трансферот не се случи од повеќе причини. Ќе уживав ако играв во ПСЖ. Достигнувањата во минатите сезони се за респект. Му симнувам капа на претседателот Ал Келаифи, на директорот Леонардо и сите кои раборат таму. Ова е клуб кој навистина бргу израсна во гигант и сега е под голем притисок на секој меч. Би сакал да дојдев во Париз, но трансферот не се исполни. На крајот одлучив да останам во Барселона“, кажа Ракитиќ.

ПСЖ летото во 2018 година беше спремен да издвои дури деведесет милиони евра за услугите на Ракитиќ. Сепак, до договор не дојде и Хрватот остана во Барселона, за две години подоцна да се врати во Севиља.


2 views

Comments


bottom of page