top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ракитиќ дрско го славеше осминафиналето: Одиме Лукаку…….

Иван Ракитиќ беше клучен играч во незаборавниот пат кој го имаше Хрватска на претходното Светско првенство во Русија и беше еден од творците на освоениот сребрен медал, но сега како пензиониран репрезентативец, не пропушта ниту еден меч на „коцкестите“.

Хрватска се предодреди да го брани почетниот резултат 0:0 против Белгија и на крајот успеа во тоа со многу мака, но цела јавност во оваа земја го слави и името на Ромелу Лукаку кој промаши најмалку четири зицери.

Напаѓачот на Интер имаше ден за заборав и во четири наврати не реализираше стопроцентни шанси, па на сето тоа, сега мора да го слуша и сеирот од целокупната јавност на социјалните мрежи.

Фановите веќе почнаа со безброј мемиња со кои го исмеваат Белгиецот, но со доста дрска порака се јави и Ракитиќ.

– Одиме Лукаку. Има да го почастиме месец дена во Сплит. Идемеееее……


0 views

Comments


bottom of page