top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Раиконен се врати во Сочи и ги изнасмеа новинарите со коментарот за последните две трки во Ф1

23.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Кими Раиконен објави дека заминува во пензија по крајот на тековната сезона во Формула 1, по што следеше неочекуван проблем за Финецот поради кој ги пропушти последните две трки во „најбрзиот циркус“.

Набрзо по објавата за повлекување, Раиконен беше позитивен на тест на Ковид 19 и му го отстапи своето место на Кубица во болидот на Алфа Ромео, па по двете пропуштени трки во Зандворт и Монца, ледениот Финец се враќа за трката за Големата награда на Русија.

Раиконен одговараше пред новинарите во Сочи откако лесно се избори со коронавирусот, но признанието кое го имаше за последните две трки во Ф1 шампионатот предизвика голема смеа во салата.

– Не ги гледав последните две трки, барем не комплетно. Бев зафатен, не знам што точно правев. Го гледав стартот и неколку круга од трките.

– Добро е што се враќам во болидот по пропуштени две трки. Никој не сака да има позитивен тест, но тоа се случи и мора да се почитуваат правилата. Сега сум фокусиран на Сочи, тимот покажа потенцијал на последните трки и тоа треба да го претвориме во добар резултат. Не сметам дека паузата ќе направи да се чувствувам поинаку. Сакам само да влезам во болидот, да ја завршам мојата работа и да имам добра трка, – нагласи Раиконен во пресрет на гран прито во Русија.


2 views

Comments


bottom of page