top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Раиконен е вистински уникат: Му се запали болидот, па сам го гасеше пламенот со ПП-апарат (Видео)

11.12.2020 Декември Петок

Петочните тренинзи на ноќното гран при во Абу Даби започнаа со нов инцидент, кој сепак без никакви последици го мина искусниот Кими Раиконен кој остана ледено смирен и во незгодна ситуација.

„Ледениот Финец“ остана максимално смирен и релаксиран и во моментите кога се запали неговиот болид, па ако други би паничеле и веднаш би избегале од местото на настанот, легендарниот Кими се испроба и во улога на маршал.

Раиконен имаше проблеми со својот болид и му се запали моторот откако се паркираше надвор од патеката, а откако излезе од кокпитот, го зема противпожарниот апарат и самиот почна да го гаси пожарот.

Кими успешно ја одработи оваа задача и без никаков проблем го остави овој инцидент зад себе, но истовремено стана хит на социјалните мрежи поради својата реакција.







3 views

Comments


bottom of page