top of page

Различно расположение во Белград: Црвена Звезда претрпе втор пораз, Партизан запиша втора победа

Sep 30
1 min read

30.09.2026 Septemvri Sreda

„Црвено-белите“ потклекнаа против Хапоел од Тел Авив и во цел меч бркаа негатива, па иако на крајот се изборија за најминимален пораз, тоа е премала утеха за многубројните фанови во „Арена“.

Звезда на непосакуван начин ја стартува новата сезона и поразот од 80:81 ги разочара фановите на белградскиот великан, но во другиот дел од градот владее и расположение ако се знае дека Партизан почна перфектно.

„Црно-белите“ вечерва ја освоија француската престолнина, па со победата од 79:92 над Париз се искачија на второто место на табелата во овој момент.

Партизан е еден од петте тима со стопроценетен учинок по два одиграни меча, а тука се уште Фенербахче како првопласиран, како и Олимпијакос, Валенсија и Дубаи.


 
 
 

Comments


bottom of page