top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Разиграниот Дончиќ го врати Далас на победнички патеки, Лилард „испука“ 11 тројки за три четвртини (

Тимот на Далас Маверикс им се врати на победите во НБА лигата, а за тоа најзаслужен е кој друг ако не Лука Дончиќ.

Составот од Тексас ги загуби претходните два дуели против Милвоки Бакс и Чикаго Булс, па Словенецот ги презема работите во свои раце и не дозволи Оклахома Сити Тандер да си замине со позитивен резултат од средбата во „Американ Ерлајнс Центарот“ во Далас (121-114).

Лука беше блиску до трипл-дабл учинок и реализираше 38 поени со 11 скока и 8 асистеции. Најголема поддршка му беа Хардавеј Џуниор и Динвиди со по 20 кошеви.

Кај поразените уште една специјална партија имаше плејмејкерот Гилџес-Александер со 42 кошеви.Портланд Трејл Блејзерс пак славеше над Минесота Тимбервулвс со 133-112 во средба во која главна ѕвезда беше Демиен Лилард. Лилард уфрли 11 тројки по само три четвртини со што го израмни личниот рекорд. Само Клеј Томпсон од Голден Стејт Вориорс има дадено повеќе тројки по три четртини (14), односно тој го држи рекордот во оваа категорија.

Севкупно Лилард имаше 38 поени, Грент пак додаде 24 кошеви.

Резултати: Индијана – Мајами 82:87, Вашингтон – Бруклин 100:112, Мемфис – Атланта 128:103, Далас – Оклахома 121:114, Сан Антонио – Кливленд 112:111, Портланд – Минесота 133:112, ЛА Клиперс – Бостон 113:93




2 views

Comments


bottom of page