top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Радукану по титулата во Њујорк бара нов тренер

28.09.2021 Septemvri vtornik

ТЕНИС

Британката Ема Радукану (18) се раздели од својот тренер Ендрју Ричардсон по помалку од две недели откако победи на гранслем-турнирот во Њујорк, каде што мораше да ги помине и квалификациите, пишува „Асошиејтед прес“. Ричардсон ѝ беше тренер на Радукану две години на помлада возраст и краткорочно повторно работеше со неа во јули, во САД, пред и за време на Отвореното првенство на САД. Радукану изјави дека сака поискусен тренер за време на поголемите настани на ВТА-турнејата. – Барам некој што бил на тоа ниво и знае што е потребно. Особено во моментов, бидејќи јас сум нова во тоа и навистина ми треба некој што ќе ме води, кој веќе го поминал тоа – изјави Радукану. Ричардсон, кој порано настапувал за Британија во Дејвис-купот, има мало искуство со ВТА-турнејата. Радукану рече дека нема размислувано со кој тренер би го заменила Ричардсон и оти не очекува да донесе таква одлука до крајот на сезоната. По САД опен и одморот, таа размислува да игра на Индијан Велс, еден од најголемите турнири, кој почнува на 6 октомври.


2 views

Comments


bottom of page