top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Радикален пресврт: Трансфер „мозокот“ на Барселона се премислил и побарал да остане на „Камп Ноу“

Барселона на почетокот на месец мај ја извести јавноста дека спортскиот директор Матеу Алемани си заминува од клубот по негово барање, но неполни три седмици подоцна, спортскиот работник се премислил и сега побарал да си го доработи договорот на „Камп Ноу“.

Алемани беше одговорен за сите големи трансфери на „Камп Ноу“ минатото лето и еден од најзаслужните за остварениот успех оваа сезона на спортски план, меѓутоа, богатата понуда од Астон Вила го натера сериозно да размислува на прв интернационален предизвик во Премиер лигата.

По соопштението кое го објави Барса, се чинеше дека оваа работа е веќе завршена, но кога многумина ги броеја последните денови на Алемани во клубот, денеска дошли до голем пресврт.

Двата најугледни каталонски медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ информираат дека Алемани се премислил и побарал да остане во клубот до крајот на неговиот договор (2024-та година), а во прилог оди тоа што нема потпишано никаков документ со Астон Вила.

Според информациите, Алемани веќе одржал средба со претседателот Жоан Лапорта и лично му порачал дека е подготвен да остане во клубот, па по се изгледа, на крајот ќе дојде до голем пресврт и Матеу сепак ќе остане на „Камп Ноу“.

Спротивно од тоа, вчера Барса информираше дека нема да му биде продолжен договорот на Жорди Кројф, па на негово место најверојатно ќе биде ангажиран поранешниот играч за врска Деко.


1 view

Comments


bottom of page