Раде Шербеџија ќе одржи концерт во Битола
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
Раде Шербеџија, на 19 март од 20 часот, ќе одржи концерт во Големата сала на Центарот за култура во Битола. На сцената ќе биде со бендот „Западни колодвор”, при што заедно ќе го исполнат неговиот албум „Не свртувај се, сине” (Ne okreći se, sine).
Легендарниот актер, со светска слава Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, пред повеќе од четврт век беше дел и од големиот меѓународен успех на ремек-делото на македонската филмска уметност, изненади со овој албум, традиционално, во издание на најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“.
Новиот студиски албум на легендарниот актер, поет и музичар е врвно музичко достигнување, а создаден е во време на короната, кога паузираше филмската индустрија. Најавен со хитот „Ето пјесме“ кој за него го напиша Хусеин Хасанефендиќ од „Парни ваљак“, Шербеџија албумот го сними со екипа одлични музичари на крајот на 2020 година. На албумот, Шербеџија го остава и својот авторски потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, за која аранжманот го создаде нашиот Диран Тавитјан.

Comments