top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Раде Шербеџија во Лондон снима шпионски трилер

14.06.2021 Juni Ponedelnik

Познатиот актер Раде Шербеџија на својот фејсбук профил деновиве ги извести своите фанови дека се наоѓа во Ливерпул, и дека наскоро во Лондон за „Епл ТВ“ ќе снима нова серија. Тој откри дека во серијата ќе игра рамо до рамо со одлични холивудски актери.

Во триминутното видео снимено пред паб во Англија, Шербеџија откри некои детали од својот престој во странството и новата серија.

„Еве, дојдов во Англија, што во времето на корона е мал потфат што бара пополнување на бројни формулари, карантин и најмалку пет тестови неделно … Но, дури и таа корона ќе помине, овие денови бројките носат надеж барем во овој дел од светот. Тргна на подобро, нека продолжи вака“, пишува Шербеџија.

Тој додава дека всушност снима шпионски трилер за „Епл ТВ“ во Лондон.

“Не можам да откривам премногу за серијата, но го “споделувам екранот” со Гери Олдман. Мило ми е затоа што мислам дека тој е одличен актер. Во серијата исто така играат и Кристин Скот Томас, Џонатан Прајс (со кого веќе играв во еден филм), Џек Лоуден … одличен тим “, вели актерот.


1 view

Comments


bottom of page