top of page

Рагби клуб Вардар ќе одигра хуманитарен натпревар со српскиот вицешампион Партизан

14.03.2024 Mart Cetvrtok

Рагби клубот Вардар го организира својот прв официјален натпревар против српскиот тим Партизан и тоа во сабота, 16 март 2024 година, со почеток во 15:00 часот.

Настанот ќе се одржи на теренот “Млади Лавови” во Ѓорче Петров, Скопје, и е издвоен како значаен момент во историјата на клубот и рагби заедницата.

Воедно, овој натпревар е со хуманитарен карактер, каде што ќе се собираат донации за Сандра Дејановска од Радовиш, која е на лекување во Турција.

На теренот ќе биде поставена кутија за донации, каде што играчите и посетителите ќе можат да донираат средства.

Натпреварот, не само што е почеток на спортските подвизи на Рагби Клуб Вардар, туку претставува и пример за солидарност и поддршка која е столб на рагби културата.


 
 
 

Comments


bottom of page