top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Работилници за филмска критика во Кинотеката на Македонија

16.05.2022 Maj Ponedelnik

Во текот на мај, во организација на здружението „Аквариус“, се одржуваат работилници за филмска критика во Куманово и во Скопје во рамките на новата платформа „Матрица“, со цел да потсетат на важноста и неопходноста на критичката мисла, посочува организаторот. „Матрица“ е новата платформа која ќе понуди работилници за филмска критика и за сценарио. Планирано е овие работилници да се одржат во 4 града, во Куманово, Скопје, Гевгелија и Богданци. На 11 и 12 мај веќе се одржаа работилниците за филмска критика во Занаетчискиот дом во Куманово, а на 17 и 18 мај, односно во вторник и во среда, ќе се одржат работилниците за филмска критика во Скопје, во Кинотеката на Македонија, со почеток од 16 часот. Учесниците ќе можат да го видат класикот „Бунтовник без причина“ во режија на Николас Реј, во кој главните улоги ги играат Џемс Дин и Натали Вуд. Ментори на работилниците се долгогодишните новинарки и филмски критичарки: Сунчица Уневска и Гена Теодосиевска. Зошто филмска критика? Колку е важно денеска да се зборува за критичкото мислење и колку е значајно младите да ја знаат важноста на оценувањето на уметничките дела. Колку е важно да знаат што значи културата за едно општество, да знаат дека критиката може да понуди нови идеи и да ни овозможи да се соочиме и да го анализираме општествениот миг во кој денеска живееме. Една од важните цели на „Матрица“ ќе биде развојот на критичната мисла, бидејќи без тоа нема одење напред, ниту создавање зрели дела, компетентни автори, слика за тоа каде сме и каде одиме. Целта е да се вклучат што повеќе партиципиенти, од различни области и од другите градови, бидејќи филмската уметност не е сконцентрирана само во Скопје. „Матрица“ е име кое не е случајно одбрано (со асоцијација на истоимениот научнофантастичен филм). Матрицата е модел, матрицата е систем, матрицата е структура, како што покажа и филмот. Ние ќе се обидеме во неа да испишеме едно ново време, поточно време кое ќе се потпре на проверените вредности и тргнувајќи од нив ќе се обиде да создаде нови. Нашиот слоган и порака гласат: „Се гледаме во матриксот“, вели организаторот.


1 view

Comentarios


bottom of page