top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Работилница за филмска музика со Џослин Пук на „Манаки“

Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика, во Битола ќе има работилница насловена „Компонирање филмска музика со Џослин Пук“, во рамките на програмата на ИФФК „Браќа Манаки“.

– Музиката е важна во животот на многу луѓе. Мојата музика обично се користи како друг глас во филмовите, фрла поинаква светлина на нештата – вели Пук за филмската музика што ја создава.

Номинирана и добитничка на голем број награди, најпозната е по нејзината музика во филмовите „Бандите на Њујорк“ на Мартин Скорсезе и „Очи широко затворени“ на Стенли Кјубрик, која ѝ донесе филмска награда во Чикаго и номинација за „златен глобус“. Снимала и настапувала со Марк Нопфлер, Ник Кејв, Питер Габриел, Лори Андерсон, „Масив атак“, „Кренберис“ и „Комунардс“.

Џослин Пук е англиска композиторка и виолистка. Во 1983 година дипломирала на школата за музика и драма „Гилдхол“ во Лондон, каде што студирала виола со Дејвид Такено и пијано со Карола Гриндеа. Пук напишала музика и за неколку концерти, музички театар и опера, а била и на турнеја со „Џослин Пук ансамблот“.


2 views

Comments


bottom of page