Пјастри ќе стартува пред Норис на спринтот во Бразил, Ферстапен во вториот ред
01.11.2024 Oktomvri Petok
Квалификациите за утрешниот спринт на Интерлагос завршија посакувано за Мекларен како тим, но сепак со малку изменет распоред од она што се надеваа.
Оскар Пјастри му ја „украде“ поп-позицијата на Ландо Норис кој се бори за титулата, па ќе биде интересно да се види дали Австралиецот ќе го следи своето темпо, или сепак ќе слуша тимски наредби на патеката.
Мекларен го почна викендот во Бразил со очигледна доминација и излгеда за нијанса побрзо од ривалите, а проблем за Макс Ферстапен е тоа што се уште не е побрз од возачите на Ферари.
Актуелниот светски шампион ќе има тешка задача да ја одбрани титулата на последните четири трки, бидејќи денеска и со промените направени со моторот, беше само четврти во квалификациите за спринтот.
Шарл Леклер имаше за нијанса подобро време од Ферстсапен, додека зад Холанѓанецот е вториот возач на Ферари, Карлос Саинц.
Ферстапен досега беше стопроцентен на сите спринт трки кои се возеа оваа година, но сега има навистина мали шанси да биде прв на утрешниот спринт во Бразил.
Comments