Пјастри за „подарената“ победа во Унгарија: Одлична одлука на екипата формула 1
22.07.2024 Juli Ponedelnik
Оскар Пјастри дојде до својата прва победа во Ф1 шампионатот и тоа на трката за Големата награда на Унгарија.
Пјастри славеше пред клупскиот колега Ландо Норис, меѓутоа победа која дојде по тимска наредба Британецот да го пушти, претекне на два круга до крајот.
Секако ваквата одлука донесе различни коментари, а свој збор за ситуацијата имаше и возачот од Австралија.
-Колку подолго чекаш, секако дека стануваш малку нервозен, но тимот тоа добро го изведе, беше вистинската работа, се ставив во вистинска позиција на стартот. Со различната стратегија што ја имавме, да, моето темпо веројатно не беше толку брзо како што би сакал во последниот период, но сепак бев во вистинската позиција да го остварам тоа (да завршам прв), -рече Пјастри кој за првата победа порача:
-Многу, многу посебна, ова е денот за кој сонував како дете додека ги гледав возачите како се качуваат на подиумот. Имаше неколку компликации до крајот, но бев во добра позиција да направам се како што треба и благодарам на тимот за одличниот болид. Забавно е да возам за Мекларен и не можам доволно да им се заблагодарам што ми дадоа можност да бидам дел од Ф1 и да победам за нив по 18 месеци, -подвлече Оскар.
Comments