Пујол: Сакам да се видам со Винисиус и да му кажам што мислам за него
Карлес Пујол е фудбалска легенда на Барселона и многумина го паметат како најстраствениот капитен во поновата историја на каталонскиот великан, па поради тоа, неговите ректи излагања во јавноста обично привлекуваат многу внимание.
Поранешниот стопер направи мала анализа на последните случувања во шпанскиот фудбал и ги искоментира двете лица на Барселона против Реал Мадрид и Реал Сосиедад, но најде време да говори и за ѕвездата која со себе носи големи контроверзии, Винисиус Жуниор.
– Фудбалот е спорт во кој не може секогаш да победувате. На „Ел Класико“ тимот имаше добри 60 минути и не толку добри 30. Реал Мадрид е таков, не ти простува ништо. Потоа дојде мечот со Сосиедад, не се играше убав фудбал, но тимот веруваше до крајот, се бореше и победи. Во професионалниот спорт не можете секогаш да играте убаво.
– Тимот се уште има многу отсустни играчи и кога сите ќе се вратат, Барса ќе биде уште подобра. Поразот од Реал нанесе штета, но имаме млад тим и треба да веруваме во него. Тимот може да се подобри и верувам во Чави и неговиот стручен штаб.
– Винисиус? Винисиус е фантастичен играч, но би сакал да зборувам со него и да му кажам што мислам и што чувствував. Откако ќе го направам тоа, ќе ви кажам што точно ќе му кажам. Сакам да зборувам со него како поранешен колега. Тој прави разлика на теренот и треба да биде почитуван на сите страни. Треба да знае дека ако го промени однесувањето, ќе биде многу повреднуван од тоа што е сега. Со текот на времето гледам дека се справува се подобро со таквите ситуации, па би рекол и дека возраста е дел од тој процес, – вели Пујол.
Comments