Пујол по шокантната одлука на Пике: Луѓето беа неправедни кон тебе…
Искусниот ас на Барселона, Жерард Пике ја изненади целокупната фудбалска јавност со одлуката да стави крај на својата кариера во текот на актуелнава натпреварувачка кампања.
Пике преку емотивна видео порака истакна дека мечот со Алмерија закажан за в сабота ќе биде негов последен домашен на „Камп Ноу“. Со ова се става крај на една фантастична приказна, ера на дефанзивецот во шпанскиот великан, човек кој секогаш се бореше за дресот, често беше критикуван, понекогаш оправдано, но понекогаш и неоправдано и тоа многу добро го знае Карлес Пујол кој многу добро го знае Пике.
-Гери, фала ти за се. Јас сум во шок. Луѓето беа неправедни кон тебе. Малку играчи го бранеле дресот на Барса како што ти тоа го правеше. Секогаш ќе можам да кажам дека играв покрај тебе, беше привилегија. Те сакам пријателе, -напиша Карлес на социјалните мрежи.
Comments