top of page

,,Пукнатини/трансформации’’ – изложба на Благојче Наумовски во галеријата на МКЦ

Во Младинскиот културен центар во Скопје, на 17 март (петок) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба ,,Пукнатини/трансформации’’ на м-р Благојче Наумовски-Бане, уметник и професор на Европскиот универзитет Скопје.

„Проблемот со којшто се занимавам во овој мој најнов проект се пукнатините и трансформациите, каде што предметното, амбиенталното е поставување на функционален ефект на трагата од присуство на конкретната ситуација или афект на површина и функционалната приказна за дополнителната сензација во овие дигитални дела. Пукнатините, како чин на самото присуство на делото во него и обратно, отвораат, како што вели уметникот, паралелен однос на материјалноста на различниот потенцијален спектар: спектар на бои и на текстурални ефекти.

„Конкретност на тие расцепнатости наспроти смиреноста на делови од површините. Присуство и негова инверзија: онтологија на ефектите од тие пукнатини и онтологија на објектноста наспроти структурата на формата.

Преку овие дела, јас го истражувам она што се наоѓа под или зад содржината, а тоа се самите пукнатини насекаде околу нас. Тоа, за мене, претставува предизвик за експериментирање со мешање на техники, деконструирање, трансформирање…“, додава уметникот.

Уметникот Наумоски (1985) моментално е вонреден професор и продекан на Факултетот за арт и дизајн. Има излагано во Берлин (Германија), Њујорк (САД), Љубљана (Словенија), Париз (Франција), Хаифа (Израел), Прага (Чешка), Софија (Бугарија), Приштина (Косово), Виена (Австрија), Отава (Канада)… Има учествувано и на повеќе ликовни колонии, а во изминатиов период реализирал 17 самостојни и повеќе групни изложби.



 
 
 

Comments


bottom of page