Публиката ќе одлучува за победникот со мнозинство гласови
Нови правила на „Евросонг“
Изборот за песна на „Евровизија“ го прошири гласањето на својата глобална публика и ја намали улогата на жирито, по неправилностите при гласањето на годинешниот избор за песна на „Евровизија“. Во најдиректните промени на правилата во 67-годишната историја на изборот за песна на „Евровизија“, победничката песна ќе ја изберат гледачите низ светот, во комбинација со жирито составено од музички професионалци. Оваа одлука на организаторите на глобално популарниот музички натпревар е резултат на анализа на нерегуларности во гласањето на годинешниот натпревар. Жирито нема да бидат вклучено во тоа како се избираат земјите и за полуфиналето и за финалето, кое следната година ќе се одржи во Ливерпул. За земјите што ќе се квалификуваат во полуфиналето и финалето на натпреварувањето ќе одлучуваат само гласовите на гледачите. Промените, кои беа одобрени од референтната група на натпреварот, дојдоа откако беа идентификувани „неправилни шеми на гласање“ при гласањето од страна на националните жирија од шест земји. Како резултат на тоа, гласовите на жирито беа отстранети од Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.
Comments