ПСЖ со „шут карта“ и за Леонардо, клубот ќе тргне по друг познат спортски работник
- Aleksandar Santovski
- Mar 11, 2022
- 1 min read
Елиминацијата од Лигата на шампионите донесе големи проблеми во редовите на ПСЖ каде во следниот период со сигурност ќе има промени на многу полиња.
Веќе се шпекулира дека Маурисио Покетино ќе заработи отказ по крајот на сезоната и на негово место ќе пристигне Зинедин Зидан.
Вчера излегоа информации дека и една од најголемите ѕвезди на клубот, Нејмар, ќе добие одврзани раце да бара нова средина откако не успеал да ги исполни барањата по неговиот рекорден трансфер вреден 222 милиони евра од Барселона.
Сега медиумите пишуваат дека од клубот ќе си замине и спортскиот директор Леонардо кој во последно време имал се повеќе несогласувања со првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи.
Прв пик на францускиот клуб, како што пишвуа „Тутомеркато“ бил Фабио Паратичи, некогашниот спортски оперативец на Јувентус, а сега член на управата на Тотенхем.

Comments