ПСЖ договори Французин кој никогаш нема играно во Франција
Пари Сен Жермен ќе се обиде да создаде нова компетитивна група, состав за престојната сезона 2023/2024, сезона во која дефинитивно целите ќе бидат да се освојат што повеќе титули, особено оние најзначајните во Лига 1 и Лигата на шампионите.
Дел од тој тим што ќе напаѓа трофеи ќе биде францускиот репрезентативец, 27-годишниот Лукас Ернандез. Имено „светците“ успеале да се разберат со Баерн Минхен и за сума од околу 50 милиони евра Лукас ќе слета на „Паркот на принцовите“.
Интересно е тоа што Ернандез иако е Французин никогаш нема настапувано во својата татковина, поточно по престојот во Шпанија се пресели во Германија каде мина четири години.
Баерн веќе има обезбедено замена за дефанзивецот, тоа е соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Ким Мин-Јае.
Kommentarer